ВИСТИНСКИ ЛАГИ Станислав Стратиев

режија

играат

сценографија

  • Гордана Бурзевска

костими

  • Александра Крнинова Груев

избор на музика

За претставата

РАЗВОД

Државата се разведе од културата. Не им се погодија карактерите. Грандоманија, графоманија и блуд. Нанесување на непоправлива штета на првата. Разболување од болест што претставува сериозна опасност по животот и здравјето на поколението и на идниот сопруг.

Дури и повеќе од тоа - државата го оспори потеклото на децата и не сакаше да ги признае како свои. Тврди дека тие биле вештачки оплодени. Зачнати со друг материјал. И бара да се откаже од нив. Го обвинува својот брачен другар дека не е способен. Настојува да докаже дека бракот бил фаличен. Исцрпување на моралните и материјалните ресурси.

Културата, која е исфрлена на улица, го оспори решението и од своја страна тврди дека целата вина е на државата. И дека ако правела блуд за тоа е виновна државата, која ја наведувала кон блудни дејства. И дека овде постои дејство против вољата на лицето. Кое згора на се' било и малолетно. И не ги разбирала целосно своите дејства.

Освен тоа, културата тврди дека државата незаконски се стипендирала на нејзина сметка за време на бракот. Тоа е користољубиво поведение на една од страните наспроти интересите на другата. Стипендирањето било од морален и материјален карактер и на културата и нанело непоправлива штета.

Државата вршела континуирано духовно и физичко тормозење, вклучувајки и трети лица. Културата трпела се' само поради децата. За цело време таа и била верна на другата страна. Наспроти нејзината дегенерираност.

Беше претставен многуброен доказен материјал во врска со ова - книги, филмови, песни, слики, пиеси, кои судот ги прифати какко докази. Културата тврдеше дека до пред две години бракот бил хармоничен. Исклучоци имало и во најдобрите семејства. Сведоците го потврдија ова. Сега се водат спорови во врска со користењето на стекнатиот имот за време на бракот, како и во однос на издржувањето на децата.

Се поставува прашање и за името, кое сопрузите, или едниот од нив, ќе можат да го носат во иднина. Културата веќе е согласна да не се нарекува социјалистичка и да го земе новото презиме на својот сопруг. Или да остане со своето моминско име. Само што државата треба да и осигура полна издршка.

Културата се колне дека е целосно невина.

Делото продолжува...

С.Стратиев