ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА актер


Родена 1966 год. во Крива Паланка. 

Дипломира на филозовскиот факултет во Скопје.

Во Народниот Театар во Штип работи како професионален актер од 1986 год до денес. 

Во овој временски интервал има одиграно голем број на представи како целовечерни така и детски. Поголемиот број од улогите кои ги играла се главни ликови. Како целовечерни претстави се наведуваат околу 50 наслови од кои има и неколку кабаретски представи. 

Што се однесува до претставите наменети за најмалата публика во себе ги пронаоѓаЦрвенкапа, Пепелашка, Мачката во чизми, Ѕвездичката на Петар Пан, Принцезата во сите можни царства и многу други кои им ги подарува како на децата на сцената на Штипскиот театар, така и на децата низ цела Македонија. 

Има одиграно голем број на улоги во првите Македонски приказни, документарниот филм за Рајна Бурева и др.. 

Особено драги наслови со кои има остварено голем број на изведби како во земјата така и надвор од неа се: 

Тетовирани души
Танго
Женидба
Чорбадџи Теодос
Иванов
Печалбари
Училиште за жени
Танц со бракот
Сомнително лице
Животот е убав
Метаморфози
Бегалка
Нажалена фамилија
Жените на Џејк
Љубовникот со висок стил
Свекрва ......