СУД Коле Чашуле

режија

  • Дамјан Читкушев

играат

сценограф

  • Стефан Спировски

костимограф

  • Мелани Димитровска

проекции

  • Светислав Подлешанов
  • Кирил Каракаш 

дрон

  • Љубомир Домазетов

адаптација на драмски текст:

  • Весна Куслеска
  • Габриела Тулиева

За претставата

Сместен на едно нестабилно тло, во простор полн симболики, постои еден СУД, во кој силно ПИШТИ неправдата. Мотивот и способноста за манипулација на интелектуалецот Даскал, чие постојано присуство влева интезивно чувство на мачнина и немир, ги доведува останатите ликови постојано да ја поместуваат границата на вистината. Во овој суд, впрочем како и секаде, најголемата опасност е таму каде навидум ја нема, таму каде секогаш можеме да се потпреме, каде се потпираме во мир. Овој пат, правдата и вистината се покоруваат на оружјето или како што би рекол Дамјан, „Ни било пишано дури и во спроведувањето на правдата да сме виновници! А можеби само тогаш човек е вистинскиот праведник?“