СЛУГИНКИ Жан Жене

режија

  • Теа Беговска

играат

  • Рујиш Беговска
  • Кристина Атанасова Арсова
  • Ненад Мицевски
  • Симона Михаилова
  • Петар Трбојевич 

сценографија

  • Владо Ѓорески – Рафик

костими

  • Благој Мицевски

музика

  • Суад Беговски

За претставата

Ако животот е сцена, тогаш што е претстава?

И ако таа претстава се одигрува на сцена, зошто тогаш и самиот живот да не биде една голема претстава? Претстава која секој ден ја играме одново. Повторуваме... повторуваме... Еднаш ќе изглумиме подобро, друг пат полошо, но крајот секогаш за сите е ист.

Ова е приказна за две изгубени души во затворен свет. Безизлезен простор кој само од време на време дава пулс на живот. Беспомошни и одамна напуштени... целосно препуштени во рацете на судбината.

Во овој свет на хиреархија постојат два типа на луѓе. Едните се и паметни и убави, а другите се само виновни. Овие, виновниците, се како меур од сапуница, а другиве, пак, се самата „сапуница“. Убавите - бидејќи се и паметни - постојано се во чекор со времето. Тие се и ваму и таму и онаму; тие имаат време за се'; имаат време да бидат среќни, имаат време да бидат тажни, дури да бидат и двете истовремено. И така, се' додека виновните не си ја одиграат претставата до крај.

Слугинките овоој пат го играат нивниот живот за последен пат. Двете полни со огромна страст и жар се борат против вечната сила - предодредената судбина. Нејзината моќ ги води до работ на пропаста. А кога ќе стигнат до таму, конечно, ќе го одиграат и крајот на претставата... крајот до кој никогаш не успеваат да стигнат.

ОВОЈ ПАТ НИЕ ОТИДОВМЕ ДО... КРАЈ!

Теа Беговска