РИЧАРД ТРЕТИ Вилијам Шекспир

режија

  • Пламен Марков

играат

дизајн

  • Мира Коланова

композитор:

  • Калин Николов

За претставата

Профeсорот. Пламен Марков кон гледачите на Ричард III

Добра вечер, одбрани! Вечерва еден од најпознатите негативци ве одбрал Вас, за да Ви раскаже како настануваат "оние работи". Затоа сте одбрани - "the Richard`s chosen ones". Тој е еден од оние, кои ги најавуваат злоделата кои имаат намера да извршат и го презираат општеството во кое живеат. Ричард ги извртува историјата и приказните на останатите ликови пред очите на своите избраници, насила одземајќи им ја рутината на лажните илузии. Тој е беспрекорно забавен раскажувач, влегува со целото свое срце во играта со неверојатно ковање на заговори.

На крајот на претставата може и да се зачлените во "Здружението за заштита на Ричард III и неговите славни злодела", здружение формирано во Англија во крајот на XIX век, во кое историчари, писатели, театри и државјани се обидуваат да докажат дека Ричард III е еден намерно клеветен човек. Понекогаш историските факти покажуваат колку е лесно човек со некоја луда и неверојатна идеја, безмилосно да си го уништи сопствениот углед. Еден нормален човек, страстен, импулсивен, силно мотивиран грешник кој пати за сопствените грешки. Ист како нас, привилигирани наши!

Одбрани, ние ќе ви ја раскажеме неговата историја, се разбира, малку на балкански начин. Ние се обидовме да го разбереме, а не да направиме најлесното - да го осудиме. Не за да го оправдуваме, во никој случај, но да го разбереме. Бидејќи, според мене, наклеветениот човек е и херој и на нашето време.