РАДЕ РОГОЖАРОВ актер


Роден на 20.01.1960 година во Штип, Р.Македонија. 

Дипломира на ФДУ (факултет за драмски уметности) при универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”- Скопје во 1988 година и истата се вработува во Народен Театар – Штип, каде што е активен и денес.

Учествува во голем број на претстави , при што има реализирано многу значајни улоги од најразлични жанрови. 

Добитник е на наградата ,,Најгледано ТВ лице на годината” , доделена од ревијата Екран . 

Учествува во серијата ,,Бушава азбука” како и ,,Во светот на бајките” .

Своето деби на филм го доживува во ,,Среќна Нова 49” 

Водител е на повеке културно-забавни и контактни емисии на националните ТВ канали. 

Како дел од ансамблот на Народен Театар – Штип, има гостувано во повеќе театри во и надвор од државата, се со единствена цел, афирмација на македонскиот јазик, култура и театар.

Кратко подсетување на дел од досега одиграните претстави :  

Болва во уво 
Волшебникот од Оз 
Кабаре 
Црна дупка 
Ѓаволштините на Скапен 
Црвенкапа и збунетиот волк 
Иванов 
Пардон , Ве молам 
Терористи 
Печалбари 
Дамата доаѓа 
Танц со бракот 
Јонадаб 
Училиште за жени 
Македонска емиграција 
Добриот доктор 
Дон Кихот 
Маскарада 
Тартиф 
Љубовникот со висок стил 
Долго доаѓање на петлите