ПРИКАЗНИ ПО ТЕЛЕФОН Џани Родари

драматизација и режија

  • Деан Дамјановски

играат

дизајн

  • Кирил Василев

асистент / драматург

  • Весна Куслеска

За претставата

Малечката Бисера не може да заспие без приказна, а никој околу неа, не знае да и раскаже... Што да прават? Татко и, кој поради непознати причини, доаѓа дома само во недела, наеднаш добива идеја како да и раскажува приказни секоја вечер: ќе и раскажува приказни по телефон, слично на оној трговски патник Бјанки од Италија. Секоја вечер точно во десет часот, ѕвони телефонот и ... се раѓаат нови светови! Во нив дворците се изградени само за кршење, времето може да запре, науката се продава во форма на бонбони, кучињата зборуваат - луѓето лаат... Во нив живееат марионетата - херој Пулчинела и неговата другарка Колумбина, уличниот свирач и авантурист Ѓорѓи Зевзек, Космонаутот Том, Волшебникот, балерината Фросина и многу други. Станете и вие дел од светот на Бисера! Ние, актерите и авторите на претставата „Приказни по телефон – за Бисера сладок сон“ Ве покануваме, заедно со нас да зачекорите во фантастичниот свет на приказните на Џани Родари, зашто, само приказните можат да го менуваат светот и да го направат поубав!