ПАРОВИ Миро Гавран

режија

  • Љупчо Ѓоргиевски

играат

сценографија

  • Валентин Светозарев

костими

  • Благој Мицевски

музика

  • Марјан Нечак

За претставата

Овде се раскажуваат шест различни приказни, разделени во по неколку сцени кои меѓусебно се испреплетени и така создаваат единствена драмска композиција со свој почеток, развој и крај. Во центарот на интересот се односите на релација маж-жена на различни возрасти и во разни улоги што ги играме во животот.

Преку богатството на ситуации во кои запаѓаат ликовите се разоткрива нивната неотпорност на притисокот на современиот живот. Нивните ситни недостатоци и слабости стануваат голема препрека во обидот да ја дофатат среќата на заедничкиот живот исполнет со силни љубови и бурни разделби, со врели копнежи и јадови. Живот во кој обично еден љуби а друг губи, еден мами а друг простува и тн.

Поради драмската структура и композиција, претставата има форма на ТВ-серија. Серијалите денес се многу популарни и станаа феномен на нашето секојдневие, во кое буквално сме бомбардирани од разни ТВ-серии испресечени со бројни реклами. На што се должи тој феномен? Претставата е ТВ-серија во живо, не за да ја постигнеме популарноста на серијалите, туку да покажеме колку денес современиот реален живот ни наликува на ТВ-серија.

Љупчо Ѓоргиевски