ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА Ристо Крле

режија

  • Александар Ивановски

играат

дизајн

  • Александар Ивановски

шминка

  • Даница Лепојевиќ

За претставата

Ристо Крле ја пишува веројатно единствената вистинска трагедија во македонската драматургија. Сместена во природен фолклорен контекст на тогашниот zeitgeist, оваа драмска предлошка сепак се одвојува од тривијалноста на животот и прераснува во вистински еп за падот на едно семејство, за нивниот распад и трагично дно. 

Потпирајки се на неколку елементарни идеи како сочувство, сентименталност, нежност и човечност,текстот започнува да гради еден нов свет, задоен од еден нов грев. Крле остава простор за сета приказна да прерасне во нешто многу повеќе од семејна несреќа. Тој ја претвора клучната темна ноќ во апотеоза на целосен распад на верата и човечноста, на грев што во себе има капки крв за да ја поплави сета свест. 

И воопшто целиот драмски текст е сурово разложена анализа на современото општество, напаѓајки ја намерата и конечно, се чини, предодреденоста на замена на вистинските семејни вредности со библиски грев. Тоа е жесток еп за еден свет кој исчезнува во сопствениот глад, сопствениот студ и гнев. Мелодраматично и безнадежно. 

Болката и целосната катастрофа на карактерите во овој текст лежи и во тоа што нивната меѓусебна љубов, не престанува. И токму во овој контекст, како кај сите големи автори, трагедијата којашто го распарчува коренот на ова македонско вонвременско семејство, а на која сме сведоци - самата се претвора во процес на лекување и регенерација.