МРАЧНА КОМЕДИЈА Питер Шефер

режија

  • Спасоје Ж. Миловановиќ

играат

сценографија

  • Владо Ѓорески - Рафик

костими

  • Благојче Мицевски

избор на музика

  • Божидар Симоновски

кореографија

  • Пјер

За претставата

Во мракот најмногу се гледа. Со шепотот најгласно се кажува. Отсутноста најмногу е присутна. Бегството е секогаш враќање. Низ очите на човекот можеш да му ја видиш душата. Допирајки го со прстите можеш да му го почувствуваш ритамот на неговиот живот, а не живеењето.

Питер Шефер, мајсторот на зборовните комбинаторики, писателот кој се интересира од моралните проблеми на светот, со одважност на прекален мудрец не потсетува дека низ обичната љубовна игра, која најчесто е смешна, може да се насетат сите проблеми кои го тиштат светот.

Без страв дека ќе промаши, ќе падне, го гаси светлото и светот во мало (станот на скулпторот Милер) го остава во мрак. Го остава во мрак за да се видат присутните позиционирани од нивната статусна припадност. Проблемот со мракот, оние кои се под неговиот чадор го решаваат врз основ на своите принципи издиктирани од профеионалната ориентираност, односно од сопствениот удел во взаемните односи.

И навистина, ако сакаме јасно да видиме како уметноста е победена од гладот, младите од невозвратената љубов, средната класа во општеството од молитвите и алкохолот, работниците од обесправеноста, богатите од божјите висини, нема ништо подобро од блескабвиот мрак.

Трајче Кацаров