МИЛОРАД АНГЕЛОВ актер


Роден 19.10.1977, Штип

Дипломира на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов“ – Софија 

Студира на последипломските студии на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институт за македонска литература – Културолошки студии 

Во Народниот Театар во Штип работи како професионален актер од 2006 год.

Од 2009-та година, работи и како вонреден професор по Основи на актерска игра, на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, а воедно е и ментор на независнтата театарска група „Конкордио“, Дом на млади - Штип

Учествува во претставите:

„Бегалка“ – чорбаџи Стојко;
„Важно е да се викаш Ернест“ – Алгернон Монкриф;
„Шинел“ – Григориј Петрович;
„Животот е убав“ 

...и во повеќе други позначајни престави во поновата историја на Народен Театар – Штип. 

Учествувал и на повеќе фестивали помеѓу кои и:

„Киев во Мај“ – Киев, Украина;
„Бела вежа“ – Брест, Белорусија;
„Војдан Чернодрински“ – Прилеп, Македонија;
„Ристо Шишков“ – Струмица, Македонија и др. Македонски фестивали;
„Улица“  - Лече, Италија;
„Суботички фестивал“ – Војводина, Србија; и многу други.

Добитник на наградата Димитар Зајков.

За претставата, „Монолози во доцните саати“ , добива награда за најдобра престава на фестивалот „Океан од лубов“ во Пазарџик, Р.Бугарија.

Член е на театарска младина на Македонија.