ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО Живко Чинго

режија

  • Љупчо Ѓоргиевски

играат

сценографија

  • Благој Мицевски

костимографија:

  • Андреј Ѓоргиевски

композитор:

  • Марјан Неќак

За претставата

Мила Марушке,
Голема скапотија, глад, немаштија ќе фатит. Се' отрув ќе се сторит. Едно кило ситен шеќер, шчо се продават по двесте динари, ќе станит на двесте и осумдесет, речи ги триста, мила Марушке, шчо е денешна пара, слама, со торба пари треба да одиш на пазар. Брашното пак шчо го 15. купвевме по девеесет и еден динар, мила Марушке, летвит на сто четриесет и еден, јади да те видам, мила Марушке, се тоа поскапвит, отрув станвит. Од тие причини, мила Марушке, за сите пари шчо ги имаш дома, тие триесет илјади шчо ги чуваме за запис, како и авансот од дваесет илјади, сите заедно здужи ги во едно и веднаш оди во задругата, та купи едно две вреќи брашно, печес кила шеќер, тоа балончето од пет кила наполни го со масло, купи и некои други куќни работи нека се најдат, зашчо не се знајт. Мила Марушке, ова ти била голема државна тајна, немој нешчо уста да си отворила, некаде да си проговорила. Врзи јазик и молчи Марушке, оту матната ќе не земит и тебе и мене, при татко и при мајка дечињата сираци ќе ни останат. Ајде сега збогум, со здравје да те најдит писмово, поздрав на сите, твојот верен сопруг, мајстор Лазар.

Живко Чинго