КАРА ДОНЧО Трајче Кацаров

режија

  • Младен Крстевски

играат

дизајн

  • Младен Крстевски

За претставата

„Инспирацијата ја најдов во нашето минато и во актуелниот општествен и социјален живот кај нас, тука и сега. Текстот е инспириран од настани и личности од античко време силно испреплетени со денешнината, а препознавањето на ликовите од поблиската и актуелна историја е сосема ненамерно“

Трајче Кацаров

„Тука нема класичен јунак, тој е присутен меѓу нас цело време, но ние постојано го бараме. Текстот е со работна верзија кабаре, но сепак, не се работи за класично кабаре туку за нешто помеѓу. Текстот е пишуван како започната и незавршена реплика и и' дава големи можности на актерската екипа за импровизација, која актерите исклучително квалитетно ја искористуваат“

Младен Крстевски

„Кара Дончо“‘ е прототип на балкански човек и во него ќе се препознае секој што ќе ја гледа претставата. Дончо сонува да биде слободен, нешто што на нас Балканците тешко ни успева, и тука е поентата“

Милорад Ангелов