ЈАН БИБИЈАН Елин Пелин

драматизација / режија

  • Дарко Ковачовски

играат

сценографија / костими / дизајн на кукли

  • Надја Василева Ковачовска

избор на музика

  • Дарко Ковачовски

За претставата

Секогаш кога не ќе послушав, или кога ќе направев нешто лошо нана Блажа застануваше до мене во целата своја големина и ме прекоруваше со зборовите „Пак си му дал на ѓаволчето да те јавне“. На моето одрекување, додаваше: „Рогатото и кривоногото е итро и лесно те става под негова контрола. Треба да внимаваш. Да бегаш. Да се одрекуваш од него како од голем непријател на човекот. Дружбата со него не те води на добар пат...“ Никако не признавав дека сум магаре кое не знае што носи. Но, нана беше упорна и ме убедуваше дека му го слуша грозното смеење, всушност му ја гледа опашката која се' повеќе и повеќе му расне и станува моја. Некои случки никогаш не се забораваат како и некои прекорувања и совети. Затоа денес, по многу години од дружбата со нана Блажа, штом ќе се најдам во некоја непријатна ситуација предизвикана од моите непромислени постапки, ја барам присутноста на ѓаволчето на мојот грб.

Ете кога се Одважил Елин Пелин, големиот бугарски писател, да го напише романот за Јан Бибијан во два дела, знаел за сите пакости што произлегуваат од продадената душа на рогатиот ѓавол. Драматизацијата направена по мотивите на првиот дел на романот за Јан Бибијан, низ кратки и динамични дијалози, низ драмско експлицитно дејствие не' воведува во дијалогот кој кај секого ја разгорува дилемата:

- Дали некој се раѓа како зол човек, или злото е резултат на животните услови?
- Дали злото постои поради себе, или поради доброто, односто за да ја засили неговата вредност?

Во секој случај децата, публиката за која е наменета оваа творба, ќе имаат можност во Јан Бибијан да го препознаат детето што не е подалеку од своите карактерни особености, со желбата за истражување, за себеспознавање од ликовите на Жил Верн и оној на Роулинг, Хари Потер.
Магичен е светот на Јан Бибијан, но и многу реален. Тоа е мотото по кое режисерот Дарко Ковачовски ја гради куклената претстава.

М-р Трајче Кацаров