ХОТЕЛ НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА Ерик - Емануел Шмит

режија

  • Љупчо Ѓоргиевски

играат

сценографија

  • Благој Мицевски

костимографија

  • Андреј Ѓоргиевски

композитор

  • Марјан Неќак

драматург

  • Габриела Тулиева

За претставата

Ерик - Емануел Шмит (роден 1960 г.) е современ француски писател, драмски автор, сценарист и режисер. Неговите дела се преведени на повеке од 40 јазици и се објавени или играни во повеке од 50 земји во светот. Покрај многубројните награди добитник е и на големата награда за театар на Француската академија на науки.


Пиесата "Хотел ни на небо ни на земја" ја пишува 1999 г. Во неа човекот е заробен помеѓу животот и смртта во т.н состојба на кома. Тој размислува за тоа што е животот и кој ни го подарил, што претставува смртта и има ли нешто после неа. Немоќен да си одговори на тие прашања се отвара проблемот на слободата на избор наспроти она што се нарекува судбина. Има ли човекот сила со својата слободна волја да промени нешто во однос на она што се нарекува судбина?

Љупчо Ѓоргиевски