ХАСАНАГИНИЦА Љубомир Симовиќ

режија

  • Драгана Милошевски Попова

играат

сценографија

  • Владо Ѓорески - Рафик

костими

  • Марија Пупучевска

избор на музика

  • Маријан Нечак

За претставата

Живееме во време во кое целта ги оправдува средствата. 

Успехот се мери по тоа колку понижувања од надредените можеме да истрпиме и моќта да ги понижиме оние под нас. 

За жал, одсекогаш па и денес тоа е доминантниот механизам, како во општеството, така и во семејството. 

Каде е границата од легитимната до неморалната борба за опстанок? 

Живееме во простор и време на константен немир, тензија, страв, различни видови на насилство, соединувања, распарчувања, војни, вулгаризација на животот, па дури и страста, кои го победија нежното чувство на љубовта. 

Ментално сме загадени со политика, а она што не ми дава утеха е и фактот дека тој проблем е планетарен. 

Право на напредок, а со тоа и право на учество во креирањето на главните општествени текови, имаат само одредени.