ФОРТИНБРАС Е ПИЈАН Јануш Гловацки

режија

  • Синиша Евтимов

играат

превод

  • Коле Анѓеловски

дизајн

  • Илина Ангеловска

избор на музика

  • Синиша Евтимов

За претставата

Декларација на неспособност

Фортинбрас е пијан, Хамлет е луд. 
Време е за дијалог со иднината! 
Ова не се луѓе. 
Само безумни суштества, од далечниот мрак. 
Ова не се луѓе. 
Се истребуваат себе заедно со сите нас. 

Ова не е иднина, неспособна за мили татковини. 
Ова не е иднина, наша неспособност на улиците. 
Празна приказна за нашите деца. 
Ова не е иднина.

Слободата е болест! 
Смрт или слобода? 
И двете. 

Предавник. 
Патриот!!! 
Европа е курва! 
Ние сме кутри заложници на сопствената немоќ. 
Ден и ноќ. 
Кретени и моќ! 

Граници, улици, споменици, попови, лудаци, протести, спинови, предавници, патриоти, терористи хуманитарци, живи мртовци, Вести!!! 

А стварно ми е смачено од нивните религии и политики и разговори и преговори и војни!!! 

Само бледа опција, сред духовна корупција. 
Борба на чело пишува, опасно ме загрижува. 
Дали сме тука само да ја раскажеме нашата приказна? 

Имам свои сомнежи. 
Но, добро е да се биде жив. 
Верувам во вољата да се преживее. 
Сепак не сум така добар ко што очекувавте. 
Ни од далеку сјаен ко ситна ѕвезда залутана во џеб. 

Бесот е блуткаво недоразбирање. 
Мост кон островот на изневерени очекувања. 
Овој збор е предговор за сите мои потфрлања. 

Време е за дијалог со иднината!