ДРАГАН МЕХАНЏИСКИ актер


Роден 14.03.1956год. во с.Русиново, Р.Македонија.

Средно образование и факултет за Драмски уметности завршува во Скопје,  дипломира во класата на проф. Димитар Ќостаров во 1980-1981год.

Во 1981 година се вработува во Штипскиот Народен Театар каде до ден денес работи како актер.

Со претставата “Полнета птица„ од Хаџиќ во режија на Ѓорѓи Трајанов го започнува своето работно искуство. Досега има одиграно педесетина целовечерни претстави, единаесет детски, пет кабаретски претстави и една монодрама, дел од нив се одиграни во Германија, Швајцарија, Русија, Белорусија, Украина, Бугарија, Хрватска и Србија.

Има учествувано и во неколку телевизиски серијали:

Македонски народни приказни
Курирчето на Гоце
Рајна Бурева
Свети Трифун
Волшебното бисерче ...

... како и некои снимени театарски претстави. 

Впетчатливи улоги во претставите кои можат да се издвојат се: 

Тартиф со ликот на Дамис, 
Болва во уво со улогата на Ками, 
Зикови во улогата на Евгениј, 
Секс таблети во ликот на Докторот, 
Сончогледи, 
Вонредна состојба и многу други.

Има одиграно околу тристотини кабаре претстави со препознатливиот лик Лабојка.