ЧОРАПЧИЊА Радмила Кнежевиќ

режија

играат

дизајн

За претставата

Чорапчиња е моралистичка и многу енергична новогодишна претстава за деца.

Две сестрички кои иако се многу слични, ги пренагласуваат различностите помеѓу нив и тоа води до постојани кавги и караници. Иако сите се обидуваат да ги смират, нивната кавга за едно чорапче не престанува се до појавата на Дедо Мраз, на кој мораат да му ветат дека ќе се променат за да ги добијат подароците. Покрај материјалните подароци, нивната слогата е најважното постигнување на Дедо Мраз, за радоста на фамилијата, а како што е и вистинската поента, најубавиот подарок за Новата Година кој може да се добие е љубовта.

Низ многу перипетии, постојани акции, натпревари со пеење, приказната ги опишува сите аспекти на детските емоции. Од гордост до срам, од фалбаџиство до љубомора. Постојаната борба помегу сестричките, всушност објаснува дека различностите треба да се прифатат и дека најубаво се живее со меѓусебен компромис, љубов и разбирање.